Разговор за Википедија:.Вести

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е алтернативна Главна страница, не е Главна страница. Креирана е со цел да се тестира начинот на работа на софтверскиот код за продуцирање никулци за создавање на колаборативни вести.--brest (разговор) 21:18, 2 мај 2009 (UTC)

Може да чепкам за да проверам некои работи?--Никола Стоіаноски 17:07, 28 јануари 2010 (UTC)
BTW, вестите може да се преземаат од некој RSS feed, т.е. сакам да кажам има шанси нешто и да се автоматизира.--brest (разговор) 17:19, 28 јануари 2010 (UTC)
Да и јас помислив на тоа, но што правиме за авторските права? Не знам дали тоа е дозволено.--Никола Стоіаноски 17:21, 28 јануари 2010 (UTC)
Според мене би требало за секоја објава, пред неа да стои соодветна дата, бидејќи можеби некои настани можеби ќе останат на страницата неколку дена?--Тиверополник (разговор) 17:22, 28 јануари 2010 (UTC)
Да тоа се разбира мора да стои, секоја седмица се архивираат вестите. За некои можеме и кратки статии да направиме, за некои не.--Никола Стоіаноски 17:24, 28 јануари 2010 (UTC)

Шо ќе затреба помош кажувајте, ако не само ќе читаме:))--Тиверополник (разговор) 17:30, 28 јануари 2010 (UTC)

Вака јас нешто чепкав од естетска гледна точка и според мене оваа верзија слободно може да ја замени тековната главна страница, само да се среди секцијата за вести односно да ја поделиме по седмици. --Никола Стоіаноски 17:58, 28 јануари 2010 (UTC)
Според мене, секцијата со вестите е добро да биде на посоодветно место за да може полесно да „паѓа во очи“. Има некои кои работат со поголема резолуција (како мене), па не се појавува сè од главната страница. Би можело ова да оди погоре.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:35, 29 јануари 2010 (UTC)
Коментарите ти се на место, но мора да се водиме според принципите на Википедија. Имено главна цел ни е енциклопедиската содржина па според тоа прво оди статијата, па дали сте знаеле (поврзано со статиите) па потоа се редат останатите занимливости. Мора да се даде прво приоритет на статиите и содржината на Википедија. --Никола Стоіаноски 13:40, 29 јануари 2010 (UTC)
Се согласувам. Не мислев да биде на прво место, туку веднаш по мултимедијалната содржина или евентуално тематската содржина на Википедија да оди во кутија до добредојде или нешто слично, па содржината на главната страница да оди во две еднакви ленти.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:48, 29 јануари 2010 (UTC)

Начин на објавување на вести[уреди извор]

Поради авторските права, најдобро е да се ставаат вести како што направив на новата страница, односно да се пише една до две реченици за новоста и да се страват надворешни врски од каде е земена информацијата. Вака е најдобро, а и немаме корисници да прават посебни статии за секоја новост.--Никола Стоіаноски 18:44, 28 јануари 2010 (UTC)

Портал:Вести[уреди извор]

Нели мислите дека време е македонската Википедија да има Портал:Новости или Портал:Вести, како замена за Викивести? Погледнете ја англиската верзија која е доста развиена но ние можеме да ја прилагодиме кон наши стандарди. Имено, да оствориме ваков проект или портал и да ставиме секција на главната страница Новости која ќе функционира на истиот начин како шаблонот Дали сте знаеле. Значи, ќе има настани за по една седмица и после секоја седмица новостите ќе се архивираат и се започнува нова седмица, така може да имаме Википедија:Главна страница/Новости/1 седмица. Мислам ни треба ова а и предност е тоа што не мора да имаме статија за секоја новост, туку само реченица две со линк до најверодостојната надворешна врска од каде е преземена информацијата. --Никола Стоіаноски 16:36, 28 јануари 2010 (UTC)

Сè на сè треба да се изработи ова:

Ова е сè што ни треба за сега.--Никола Стоіаноски 16:39, 28 јануари 2010 (UTC)

Јас те/се подржувам.--brest (разговор) 16:54, 28 јануари 2010 (UTC)

Е ова не сум го видел дека веќе си предложил. Зошто не ме извести порано ќе го направев веќе :) Поз--Никола Стоіаноски 16:55, 28 јануари 2010 (UTC)
Идејата е супер, често пати вестите ги читам или на српската или на англиската википедија, па зашо и на нашата да немаме, а мислам дека не е некоја голема работа. Јас лично што можам ќе помагам, само што!--Тиверополник (разговор) 16:56, 28 јануари 2010 (UTC
Да и јас би помагал во ова. Моја идеја е да направиме две секции за вестите: Вести од Македонија и Вести од светот.--Никола Стоіаноски 16:57, 28 јануари 2010 (UTC)

Погледне те го овој предлог за можен изглед на порталот, т.е. како алтернативна главна страница.--brest (разговор) 17:00, 28 јануари 2010 (UTC)

Предлогот е добар и може да се искористи и за порталот и за главната страница. Имено, моја сугестија е секцијата што е за вести да оди на главната страница, а при тоа мора да се додаде уште нешто вертикално на главната страница од десна страна за да не стои празнина. А вака како што е цел направен проектот може да стои за Порталот со исклучок на секциите што се повторуваат на главнста страница. Доколку сакате овој предлог да стои на главната страница, ќе мора естетски да се подобри, барем со некој банер и знакче до секоја секција, како што е холандската главна страница. --Никола Стоіаноски 17:06, 28 јануари 2010 (UTC)

Здраво.
Јас сум малку скептик. Погледнете го ова: ДО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СИТЕ ВЕБ ПОРТАЛИ И РАДИО СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА. Ова е информација од пред два дена. Вестите се стока за продажба. :-)
Не сме многумина овде за да може да си навлечеме ваква работа на грб.
Moжеби грешам.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:30, 28 јануари 2010 (UTC)

Прво да дадам коментар за тоа дека може да ни е товар овој протал: има два начина за овој портал, едниот е само да се даде на кратко информацијата која треба да се објави на главната и другата е да се даде информацијата заедно со посебна статија за новоста. Може наизменично да се користат. А за првата забелешка, може да користиме информации и од странски новински агенции, како на пример SETIMES. Поз--Никола Стоіаноски 17:51, 28 јануари 2010 (UTC)

Права и статии[уреди извор]

Идејата не само што е одлична, туку и уште поодамна требаше да се направи. Јас сум голем ентузијаст за работа на вестите и од мене можете да очекувате секаква помош. Што се однесува до авторските права, како што наведе Wikimk, тоа е само проблем кога се преземаат цели содржини како што се веќе обработени од некој новинар, но кога се презема чиста фактографија, тоа е веќе јавнодоменски и не е заштитено (Закон за авторското право - „Незаштитени творби“, Член 16, Точка 3). Тоа и го кажуваат и самите медиуми кои се бунат во наведеното писмо - дека законот дозволува само прости информации, а не цели написи. Така што на таа тема ние немаме проблем. А за страницата за вести, доколку ќе може вестите да се пренесуваат вестите во шаблон на дневна база, јас се пријавувам да бидам тој што ќе поставува врски на нив (викификација) и тој што ќе гледа да обработува настани колку што е можно повеќе. Значи не мора да има само врска до поединечни поими, туку на пример и до цели настани, кога ќе сметам дека можам да напишам за тоа, помагајќи се со ен вики за странски вести, или пак изработувајќи ги статиите самиот кога станува збор за наши настани. Мислам дека така ќе може да се заокружи функционалноста на нашиве вести и ќе имаме и содржини кои ќе ги обработуваат на енциклопедиски начин многу поинтересен од новинските веб-страници. --Б. Јанкулоски (разговор) 19:56, 28 јануари 2010 (UTC)

Еве да се поделиме по теми, тие корисници што се заинтересирани за уредување на ова да ги поделиме темите меѓусебно (мислам тројца сме, јас, ти и Тиверополник кои се согаласија да пишуваат), па така јас можам за Македонија вести да ставам, ти за свет а Тиверополник за Култура или Балкан. Секако ова не е стриктна поделба но добро е да си имаме задолжение за одредена тема за подобро претставување на вестите. Што се однесува за начинот на пишување, можеме да ги користиме двата начина: вести со само две до три реченици со надворешна врска до некој весник или новинска агенција или пак две три реченици текст со врска до посебна статија каде се наоѓа целата вест. Така имаме на пример:
  • „бла бла бла“ - А1

или

  • „бла бла бла“ (прочитајте повеќе..), каде името на статијата би било Википедија:Вести/ТЕКОВНА ГОДИНА/ТЕКОВНА СЕДМИЦА/ИМЕ НА НОВОСТА

Мислам ме разбираш иако вака напишав.--Никола Стоіаноски 20:23, 28 јануари 2010 (UTC)

Те разбирам, така може. Јас мислев тоа `прочитајте повеќе` да не фигурира никаде, туку наместо тоа да има надворешна врска со некаков наслов „бла бла на А1“. Јас го замислував како што се вестите на главната на ен вики, со статии за `повеќе`, а ако не може (и секако дека нема да може за секој настан), тогаш едноставно споменатите поими поединечно да си бидат врски до постоечки статии (никако црвени), а ако не постојат ни тие поими, или да се напишат, или ако не нека стојат како прост текст. А тоа `повеќе` да наведува на страница од весник некако не ми изгледа на референтно исправен начин. Може под самиот текст или така некако, да си е наведен `наслов на веста` од А1. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:43, 28 јануари 2010 (UTC)
Да, црвени линкови да нема. Може и до веста одма со мал фонт да се стави надворешна врска, а доколку се има желба да се направи посебна статија со веќе укажаните начини на именување на статијата би било уште подобро. Види јас нешто пишав во статијата за вести па кажи како е така. Поз--Никола Стоіаноски 20:51, 28 јануари 2010 (UTC)

Тековни настани[уреди извор]

Икона за вести

Имам предлог за создавање на нова секција Тековни настани/вести на главната страница. Во оваа секција би биле посочувани најзначајните настани и вести на светско ниво. Мојот предлог е да се направи нешто слично слично како секцијата In the news на англиската википедија. Дали би подржале ваков предлог и дали сметате дека имаме капацитет тоа да го направиме. Молам за дискусија.--brest (разговор) 22:28, 16 јануари 2010 (UTC)

Па ајде да ја смениме главната страница со оваа. Ако се согласувате уште вечерва да ја смениме, да ги средиме вестите за свет и култура. --Никола Стоіаноски 20:25, 28 јануари 2010 (UTC)
Јас сум за, ај нека пише бар уште еден до двајца :))--Никола Стоіаноски 20:31, 28 јануари 2010 (UTC)
Имаме ли капацитет за секојдневна обработка на вестите? Ако имаме доволно луѓе кои ќе бидат заинтересирани за обработка на истите, тогаш се сложувам. Да не биде после да читаме вести 2 недели стари :)--Р ашо 20:35, 28 јануари 2010 (UTC)
Па има Рашо, бидејќи веќе неколку луѓе сме поделени во три групи на вести (види погоре). Самата фактографија (реченици, т.е. наслови) ќе стигнува автоматски, така што наше ќе биде да правиме избор и да ставаме врски во нив. Како што пишав одма над овој поднаслов, ако не можеме за дадена вест да напишеме цела статија за настанот, можеме барем да ставаме врски во зборовите до извесни поими, и секако ќе има за секоја вест изворни информации од медиумите со врски.

Би сакал brest да ми потврди дека вестите ќе бидат автоматски вметнувани (необработени) и да ми кажете дали се сложуваме на овој принцип на работа. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:53, 28 јануари 2010 (UTC)

Ајде...--Тиверополник (разговор) 20:46, 28 јануари 2010 (UTC)
Секоја седмица се архивираат вестите, така понеделнички или вторнички старите вести се ставаат во архива и се започнува со уредување на втората седмица. Мислам не е така сложена работа. --Никола Стоіаноски 20:49, 28 јануари 2010 (UTC)
Whatever, но јас сум скептик. Нашава википедија го нема достигнато тој степен како некои други википедии. Кај нас во последно време отворањето на нови статии стана реткост. Ние сме во фаза кога се бориме за нови уредувачи и сл. Ние не сме њуз портал. Ние сме енциклопедија. Кај нас треба статии. Никола за тие два саата изгубени во селектирање вести би направил 20 никулци. Англиската има вести, да, но кога ќе кликнете на линкот „прочитај повеќе“ ќе ве однесе во статијата за настанот, а не на некој њуз портал. Но како сакате. Секое чудо за три дена --Р ашо 21:17, 28 јануари 2010 (UTC)
Веќе кажав, поентата е да се има новости, и евентуално кога може да се прави статии за настаните, а инаку само врски до поими (а не никулци или црвени). Секако дека не е исто како англиската, ама сепак поврзуваме вести со енциклопедиски содржини што се споменуваат (без разлика дали има статија за самиот настан или не), што е голем исчекор за читателите на вести на македонски јазик, бидејќи досега кај и да читаат, вестите се само текст, а вака ќе можат да се поврзуваат со нашите статии за разни нешта. Тоа само по себе за мене е повеќе од доволна причина за да имаме вести. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:29, 28 јануари 2010 (UTC)

Здраво. Јас се занимавав едно време со веб програмирање. Малку сум out од тие работи ама можам со сигурност да потврдам дека не е проблем да се направи програма која ќе чита наслови на вести од RSS фид и ќе ги префрлува на Википедија. Поздрав, --Wikimk (разговор) 21:24, 28 јануари 2010 (UTC)

  • Да, тоа е одлично. И brest уште поодамна ми спомна за такво нешто, само не се сеќавам дали рече дека веќе го има или ќе го направи. Затоа го повикувам да ни соопшти. Во секој случај, одлична работа! --Б. Јанкулоски (разговор) 21:29, 28 јануари 2010 (UTC)

Само што видов како ги додавате вестите. Проблем со тоа што претходно го кажав може да биде доколку вестите се земаат од различни извори. Во тој случај при автоматско преземање ќе се повторуваат исти вести со различни наслови.
Друг проблем може да биде тоа што Макфакс, на пример, дневно публикува на нивната страница повеќе од 100 новости. Ако сите автоматски се преземаат освежувањето на страницата за Вести ќе оди многу брзо, а на таков начин може да се изгубат вестите што се поважни во шумата наречена сите новости.. Поздрав, --Wikimk (разговор) 21:35, 28 јануари 2010 (UTC)

  • Тоа не е проблем бидејќи планот беше да вршиме рачен избор на одреден (умерен) број на вести дневно од секој оддел. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:39, 28 јануари 2010 (UTC)

Пак ќе речам, ако може вестите да се преземаат од главни страници, веќе избрани како важни (и помалку на број), тогаш зарем е голема работа да се изберат најсоодветни од нив и да се вметнат насловите/настаните? Со таков систем тоа е работа на минути. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:51, 28 јануари 2010 (UTC)

Ако може да се селектираат вестите тоа би било супер, но ако се натрупуваат тогаш тоа е проблем. Не знам како оди тоа. --Никола Стоіаноски 21:52, 28 јануари 2010 (UTC)

Иако не се разбирам во канали, RSS и такви работи, не верувам дека ќе е проблем да се преземаат вести конкретно од насловната страница, на пр. на Макфакс или time.mk. Ајде нека каже некој што знае. Ако ова може да работи како што го замислувам (а не гледам зошто да не), тогаш доволно е само од Макфакс да се преземаат еднаш дневно по 20-30 вести од рубриките ставени на насловна како битни. На нив треба да се фрли поглед и да се направи рачен избор - тоа е навистина многу многу краток процес. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:57, 28 јануари 2010 (UTC)

Ако може ова како што велите, не е лошо да контактираме барем една новинска агенција која ќе ни дозволи да преземаме. И нека пише некој кој што знае, се малтретираме :)--Никола Стоіаноски 21:58, 28 јануари 2010 (UTC)
МБ, што се однесува до наслови мислам дека нема потреба за никаков договор. Инаку, не сум сигурен дека новинска агенција која живее од продавање на вести ќе сака да ѝ ги понуди своите вести на Википедија. :-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 22:24, 28 јануари 2010 (UTC)
БЈ, Најлесно е да се преземат содржини од RSS feed. Другото е потешко ама е изводливо. Единствен проблем е да се направи програма за таа работа. За правењето програма треба време, а јас малку сум зарѓал за таа работа. Sorry, ама тука не би можел многу да помогнам. Поздрав, --Wikimk (разговор) 22:24, 28 јануари 2010 (UTC)
Па нормално дека нема да ни дадат цела содржина да ја објавиме, ама за една реченица?--Никола Стоіаноски 22:27, 28 јануари 2010 (UTC)

Да, треба да се пише за формална дозвола, иако имаме законско право да преземаме информации како чиста фактографија (како што реков погоре). Право немаме да го копираме текстот на написите, но самите информации се јавнодоменски (Закон за авторското право - „Незаштитени творби“, Член 16, Точка 3). Работата е само кој ќе пише --Б. Јанкулоски (разговор) 22:04, 28 јануари 2010 (UTC)

Прво да се договориме дали ќе ставаме рачно вести или преку канали. Пишувањето е лесно, еден од администраторите ќе пише и ќе ни одговорат. Јас и Рашо баеѓо дозволи добивме од интернет страници за корист на Википедија.--Никола Стоіаноски 22:10, 28 јануари 2010 (UTC)
  • Мислам дека идејата на brest беше новостите автоматски (каналски) да одат во посебна „работна страница“ и оттаму рачно да се избираат и вметнуваат во Вестите, што како што реков, е мала работа. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:14, 28 јануари 2010 (UTC)
Е тоа е веќе друго и многу полесно, само треба да се копира и викифицира. Да пише Брест па да контактираме Макфакс или некоја друга агенција. --Никола Стоіаноски 22:15, 28 јануари 2010 (UTC)
  • Еве, на Брест му е соопштено и чекам да видиме што ќе каже. Би сакал и Wikimk да се придружи ако можат/има потреба да се искоординираат со Брест за да го остварат ова. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:45, 28 јануари 2010 (UTC)

Мошне корисна новост[уреди извор]

Нов македонски пребарувач на сè што е објавено од медиумите и институциите од 2001 наваму. Прочитајте за поподробно. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:20, 28 јануари 2010 (UTC)

Не функционира страницава.--Никола Стоіаноски 22:21, 28 јануари 2010 (UTC)

Чудно, мене совршено ми функционира. Ама еве ја сепак целата вест: --Б. Јанкулоски (разговор) 22:29, 28 јануари 2010 (UTC)

Промовиран нов интернет пребарувач


Нов интернет пребарувач на кој ќе бидат достапни информациите од државните институции и медиуми во четврток ја доживеа својата промоција во Мала Станица.

Пребарувачот кој сеуште нема име ќе овозможи пребарување на информациите за една личност или институција истовремено класифицирајќи ги според нивната локација, дата и време.

Сите информации што биле објавени во 89 македонски медиуми од 2001 година од понеделник благодарение на пребарувачот ќе бидат достапни за сите негови корисници.

Станува збор за бесплатен пребарувач, кој во почетокот ќе биде достапен само со македонска подршка, а понатаму се очекува да добие и подршка на албански јазик.

За разлика од глобалните интернет пребарувачи, овој локален интернет пребарувач на корисникот му го претставува и му го сервира само бараниот таг без притоа да создава конфузија во понудените записи во однос на бараниот таг.


Ова ми стои многу корисно за Википедија, но да почекаме да профункционира за да видиме како да го искористиме. Интересно е ова.--Никола Стоіаноски 22:33, 28 јануари 2010 (UTC)

Резиме[уреди извор]

Како што беше погоре кажано, преземањето на насловите на вести од RSS фидови не е некој голем проблем. Но други проблеми ќе се појават.

  • роботот кој ќе ги обработува фидовите треба некаде да се хостира,
  • од време на време да се надгледува и по потреба да се менува кодот, бидејќи фидовите се стандардизирани но не секогаш оние кои ги креираат фидовите се придржуваат до стандардите, од тие причини роботот мора да се менува со тек на време.
  • треба да разјасниме дали зборуваме за вести или наслови на вести
    • ако зборуваме за вести тогаш по некоја логика за секоја вест треба да има посебна вики страница, која во себе ќе содржи текст, слики, видео и сл., во овој случај тешко дека би можело да заживее проектот, бидејќи ние немаме ресурси да креираме вести, а не смееме да преземаме агенциски вести освен доколку не се договориме со некоја агнеција или друг имател на вести за преземање на нивните вести и нивна понатамошна обработка и пласирање
    • ако зборуваме за наслови на вести тогаш може да се искористат фидовите за автоматско прибирање на овие информации,
    • можно е нивно викиформатирање според клучни зборови (се разбира рачното викиформатирање е најквалитетно)
    • ако обработуваме фидови од повеќе извори тогаш ќе се судриме со проблемот на дуплирање/мултиплицрање на вестите
    • некои извори на вести можат да бидат мошне содржајни и ќе мора да има некој филтер, кој е најдобро да биде мануелен, но тоа значи зголемен ангажман а ние сме слаби со човечки ресурси
  • да размислиме дали имаме или немаме ресурси за оваа работа во моментов
  • ако ова погоре не е проблем тогаш, да размислиме дали не е подобро да се започне иницијатива за започнување на mk.wikinews.org
  • за било која одлука за менување на главната страница, потребно е да се гласа на мк.вики
  • сега за сега не може да пишуваме од име на ВМ, бидејќи сеуште не сме регистрирани, а и да сме таму има други механизми на одлучување

--brest (разговор) 23:56, 28 јануари 2010 (UTC)


  • Сето време имам во предвид преземање на наслови, а не на написи (нивна содржина). Тоа е многу посложено и бара авторски права и ресурси. Насловите како наслови, т.е. информација, настан и сл. се јавнодоменски и одговараат на нашите можности и човечки ресурси. Значи нема ни филтри ни мануелни работи, бидејќи нема да баратаме со содржини, туку со наслови. Доколку насловот се чини недоволно јасен, уредникот што викифицира секогаш може да ѕирне во врската до новинската агенција за што станува збор. Како што напоменав, тие наслови ќе се викифицираат рачно (ако треба јас сам тоа ќе го правам), а не по клучни зборови бидејќи автоматот нема критериум за што треба да се претвори во врска, а што да остане прост текст, и како да стои врската за извесен поим - тоа е човечка интуиција, а не Булова логика.

Пример:

„На Сотби продадена слика од анонимен [[Сликарство од Холандското Златно доба|фламански уметник]] по рекордна цена“

Левата и десната страна на цртата немаат ниту еден заеднички збор, а и да имаше, пронаоѓањето ќе треба да има неверојатен капацитет и илјада пати поисплатливо и поточно е да се направи рачно.

Ако некој смета дека е инспириран да напише статија за аукциската куќа Сотби, тогаш нека му стави викиврска, а ако не нека стои во прост текст. Иако искрено речено немам нешто против (умерен број) на црвени врски до важни поими.

Рачното избирање на вести (наслови) и викификација не е проблем, дури и јас самиот се пријавувам да го работам. Важно е само да се добиваат наслови во работна страница и оттаму да се ставаат во вестите и викифицираат, а тоа е лесна и брза постапка. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:24, 29 јануари 2010 (UTC)

    • Дополнување: Дали сметате дека е подобро ова да се прави секој ден, или да се ставаат вестите збирно, само 2 пати неделно (на пр. во среда и во недела)? По мое сè зависи од тоа дали сметате дека (со време) луѓето ќе не користат како дневен информатор или не, и ако не, дали сепак се исплати да се ставаат вести секој ден? --Б. Јанкулоски (разговор) 08:55, 29 јануари 2010 (UTC)
Мислам дека кога веќе се размислува за ова, најсоодветно би било да се развие Викимедија проектот Викивести. Би можеле таму да ги уредуваме цели страниците, па оттаму да ги преземаме само насловите.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:56, 29 јануари 2010 (UTC)
Да и јас мислам исто како Бојан, само наслови и врска до агенцијата или статија ако имаме. Исто така, мое мислење е вестите да се надополнуваат секој ден а ако немаме доволно заинтересирани корисници, нека биде секој втор ден. Во недела би требало вестите да се архивираат и тоа би било сè за вестите. Што се однесува за Викивести, не би било возможна идеја зошто немаме корисници на на Викиречник и Викицитат, двајца сме активни на Викиизвор и мислам дека ќе ни пропадне проектот. Овој принцип кој го предложивме сега за сега е најсоодветен. поздрав --Никола Стоіаноски 11:28, 29 јануари 2010 (UTC)
Се сложувам, Викивести едноставно не можат да функционираат кога одвај се собираме за ова да го направиме, што е далеку поедноставно и многу помалку работа. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:35, 29 јануари 2010 (UTC)
Меѓутоа сите работи ќе одат со бот. Статиите ќе се уредуваат со бот. Работата на Викивести би била само одржување на Главната страница. Мислам дека, ние неколкумина активни на Википедија, доколку секој ден одвоиме барем малку време на овој проект, може да се постигне. Штом Викивести на српски работат сè со бот и уште тројца корисници ги надгледуваат статиите, а моментно се јазично издание со најмногу содржини, и ние би можеле, доколку се активираме барем малку таму да го постигнеме истото. А, и не верувам дека ќе имаме толку многу работа, како што имаат и тие. Според, мое мислење другите проекти ни се запоставени, бидејќи нема интерес за уредување на истите, а тоа најмногу заради фактот што содржините разликата со википедија не е доволно разјаснета. Ова, сепак би било нешто ново, со јазна разлика од енциклопедиска содржина и се надевам дека ќе има интерес. Доколку се наведуваат само наслови на вести, кои насочуваат кон порталот Вести, кој исто така содржи наслови, тогаш се јавува проблем што вниманието на читателот не може да се задржи поради недоволната информација. Значи, многу би било подобро доколку ги имаме целите вести складирани.
Во последно време и активноста на Википедија е со тенденција на опаѓање, но сепак веќе кога се решаваме за ваков чекор, барем да одиме до крај. Добро би било да добиеме информации од Brest, што се може да се направи со бот. Доколку бара премногу работи од корисници, тогаш подобро ќе биде за проектот Викивести да почекаме.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:21, 29 јануари 2010 (UTC)
Да, ама претпоставувам дека кога велиш „статиите ќе се уредуваат со бот“ мислиш на преземање на цели содржини од некоја новинска агенција/медиум. Тоа кај нас не е дозволено (а сигурно ни кај нив), освен ако не нашле некој баш јавнодоменски медиум (кој кај нас не постои). Освен ова, не знам што инаку подразбираш под автоматско создавање на статии.
Насловите (поточно, вести од една реченица како на главната на ен.вики) би биле корисни бидејќи сите поими со врски овозможуваат енцилопедиска поврзаност на новостите, што секако досега не постои во ниеден македонски медиум и тоа го сметам за нешто што вреди да се работи. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:56, 29 јануари 2010 (UTC)
Аха. Па, тогаш нема потреба за некоја дозвола. Насловите, кои ќе се преземаат може и да не бидат идентични со оние на макфакс или на кој и да било друг. Ако разгледаме убаво, на сите новински агенции им се тука некаде, бидејќи станува за иста вест. Тоа не е проблем. Јас те разбрав дека од макфакс може да се преземат нивните вести во целост. Инаку, Викивести на српски имаат дозвола од неколку медиуми. Јас те разбрав дека може и ние такво нешто да обезбедиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:31, 29 јануари 2010 (UTC)

Здраво. Ќе бидам краток. Јас во потполност се сложувам со сѐ што Брест напиша. Поздрав, --Wikimk (разговор) 13:15, 29 јануари 2010 (UTC)

Извори на вести[уреди извор]

Вести со содржина[уреди извор]

  • voanews, според sr.wikinews.org овој извор на вести е слободен, а го има и на македонски јазик
  • SETimes
  • владини сајтови, вестите објавени на овие сајтови би требало да се во јавен домен и мислам дека може слободно да се пренесуваат, складираат и обработуваат
  • вики-новинари, идејата би била да се акредитираат новинари/известувачи од повеќе краеви на државата и светот, кои ќе имаат екслузивно право да известуваат од нивните географски подрачја.

Вести со содржина, за преведување[уреди извор]

  • останати викивести страници на различни јазици (en, sr, bg, de, ...)

Наслови на вести[уреди извор]

  • RSS канали, преку кои може да се преземаат наслови на вести
  • Извори за временска прогноза, мислам дека ги има многу и повеќето се бесплатни, може со некои шаблончиња да се постигнат убави ефекти за рубрика временска прогноза


Значи имаме неколку главни групи на извори на вести, од кои може да црпеме материјал за вики-вестите. Најважно би било доколку добиеме право за пренесување на вестите од некоја новинска агенција (МИА, МАКФАКС, НЕТПРЕСС), слично како што ср.викивести добиле дозвола од БЕТА.

И секако би имале дневен деск (група на уредувачи) каде пристигнатите вести ќе бидат обработувани (категоризирани, викиформатирани, обработувани со фото, аудио и видео материјал, пример од Commons...).

--brest (разговор) 20:25, 29 јануари 2010 (UTC)

Дискусијава е долга и нефокусирана, така што ќе одговорам овде. Јас имам простор за хостирање на бот, а како извор може да се користи SETimes бидејќи текстовите таму се во јавен домен. Како што кажавте, ботот преку RSS може да ги повлече вестите, и да отвори нови статии со соодвениот текст. Тука има некои проблеми како објавување на иста статија два пати и сл, но можат да се разрешат со тек на време. Јас можам да го направам ова, всушност работам на сличен проблем, но во моментов имам доста обврски, па неможам да дефинирам точен датум кога се би било готово. --Милош (разговор) 10:48, 30 јануари 2010 (UTC)
Дополнување: завршив добар дел од работите. Имам парсер кој го презема feed-от, од него издвојува наслов, опис (поднаслов), датум кога е објавено и врска кон оригиналната вест. Потоа се поврзува на оваа врска, ја презема комплетниот текст, и од него (повторно) издвојува наслов, поднаслов и извор (ако ги има), датум на објавување и самиот текст. Тоа можам да го подигнам на Википедија под било која страница, дури можам и делумно да го викифицирам. Она што ми треба е начин на именување (пр. ВикиВести/SETimes/година/месец/ден/број) и облик на самата вест. Потребно е и да се води некаква евиденција (најверојатно по наслов) кои текстови се подигнати, да не се дуплираат статиите. Ако ботот подигне една статија, веќе нема да ја чепка понатаму, па било кој друг корисник може да ја менува. Давајте предлози како понатаму. --Милош (разговор) 14:16, 30 јануари 2010 (UTC)
Видете како изгледа Корисник:MisosBot/SETimes/2010/01/29/1. --Милош (разговор) 16:53, 30 јануари 2010 (UTC)

Јас направив нешто за симнување на вестите од МИА, погледнете тука и тука. Останува уште останатите википедијанци да ги обработат како што планираат за да видиме како тоа ќе функционира.--brest (разговор) 20:10, 1 февруари 2010 (UTC)

Значи сега ние што сме изразиле помош за одржуван'е на проектот треба мануелно да ваѓаме дел од вестите од МИА и да ги ставаме во статиіата коіа оди на главната? Ова конечно одлучивме или? Поз--Никола Стоіаноски 22:36, 1 февруари 2010 (UTC)
Текстовите од МИА не смееме да ги користиме, можеби само насловот на веста ([1]). --Милош (разговор) 23:29, 1 февруари 2010 (UTC)
Да знам за насловите мислев. За нив прашував.--Никола Стоіаноски 23:30, 1 февруари 2010 (UTC)

Заклучок и гласање[уреди извор]

По консултација со Брест утврдивме дека едноставно немаме можности ниту за Викивести, ниту за овдешен портал за вести. Заклучивме дека единствено што може да се направи е она што јас го кажував - да се преземаат наслови (фактографија) без содржини, да се викифицираат и да одат така обработени само на шаблон на главнава страница (како на главната на ен.вики). Брест се откажа од учество заради немање можност, па затоа веројатно преостанува каналската инфраструктура да ја воспостави Кирил. Еве го методот на фунционирање на вестите што го предлагам:

  1. Секој ден (или на два-три дена) дотекуваат настани во облик на наслови од главната страница на МИА, time.mk или сл. до посебна работна страница на мк.вики.
  2. Уредникот прави избор од неколку за секој ден, ја погледнува врската до изворниот медиум за да може подобро да го опише настанот во реченица-две.
  3. Откога насловот (веста) ќе се фразира соодветно, истата се става на шаблонот на насловна и се прави викификација на поими, години и сл.
  4. (Дополнително): Ако некој сака да напише статија за некој настан, едноставно нека ја напише и нека ја смени викиврската во таа дадена новост.


Два дела: Преземањето од македонска новинска агенција е еден дел. Моја идеја е да има и македонски и светски содржини. Светските би се преземале право од новостите (на пр. од оние на главната) на ен.вики, рачно преведени и ископирани. Ако некој е задолжен за македонските што течат каналски, а друг за префрлање и превод на избрани од ангиската, тогаш добиваме доста богата содржина од локален и меѓународен тип. И сето ова со навистина малку работа.

Значи немаме друга страница, проект или викивести или било што од кајшто се трансклудираат информациите. Од медиумите оди во работна страница, и избраните викифицирани вести (отпрл. една реченица по вест) оди право на шаблонот на Главна.

Сето ова може да се врши, како што реков, на два-три дена ако не може секој ден.

Гласање[уреди извор]

Предлагам гласање на оваа идеја за менување на главната страница и имплементација на гореопишаниот систем, со :{{за}}, :{{против}} или :{{воздржан}} (За , Против  или Воздржан )

  1. За  --Б. Јанкулоски (разговор) 01:21, 30 јануари 2010 (UTC)
  2. За  --Тиверополник (разговор) 09:09, 30 јануари 2010 (UTC)
  3. За --Р ашо 10:33, 30 јануари 2010 (UTC)
  4. За --Никола Стоіаноски 12:53, 30 јануари 2010 (UTC)
  5. За --Kiril Simeonovski (разговор) 13:49, 30 јануари 2010 (UTC)
  6. За --ilija.milcinoski


  1. Против  --brest (разговор) 20:15, 1 февруари 2010 (UTC), Коментар  Јас во овој момент не сум за менување на главната страница. Предлагам прво да се разработи идејата преку создавање на еден портал за вести, па после да видиме како ќе ја организираме главната страница. Верувам дека во меѓувреме додека го развиваме порталот ќе дојдеме до нови искуства и сознанија кои ќе ни овозможат да направиме подобар производ и подобро да се организираме.--brest (разговор) 20:15, 1 февруари 2010 (UTC)

Пријавување[уреди извор]

Иако можеби изгледа однапред, од практични причини би сакал однапред да се знае кој би сакал да биде уредник на овој шаблон? Ако сме повеќе, може да се работи на смени, а може и да се подели по денови. Кажете за кој дел од работата сте заинтересирани со ставање на вашето име:

Вршење избор, доопишување и викификација на македонските каналски информации[уреди извор]

--Б. Јанкулоски (разговор) 01:21, 30 јануари 2010 (UTC)
--Никола Стоіаноски 12:53, 30 јануари 2010 (UTC)
--Kiril Simeonovski (разговор) 13:49, 30 јануари 2010 (UTC)
--Тиверополник (разговор) 21:42, 30 јануари 2010 (UTC)
-- dav(разговор) 22:28, 30 јануари 2010 (UTC)
--Макс(разговор) 14:51, 31 јануари 2010 (UTC)

Избор, префрлање и превод на англиски вести од главната на ен.вики или сл.[уреди извор]

--Тиверополник (разговор) 21:42, 30 јануари 2010 (UTC)
--Б. Јанкулоски (разговор) 22:27, 30 јануари 2010 (UTC)


--Макс(разговор) 15:00, 31 јануари 2010 (UTC)

Коментари и дискусија[уреди извор]

Имам само една забелешка за новава главна страница. Во левиот дел сината позадина на „Избрана статија“ си е добра, ама на другите секции е малку скратена од лево и од десно (скриншот). Знам дека ова е само мал детал, но сепак би било поубаво да се среди пред официјално да биде променета сглавната страница.

ПС: Пред да почнете да ми викате дека сум мрзив, сакам да знаете дека пробав да го поправам, но баш и не се разбирам во волку сложен вики код. -- dav(разговор) 22:28, 30 јануари 2010 (UTC)

Ок Готово благодарам за посочената грешка, тешко дека ќе ја заприметев :) Поздрав--Никола Стоіаноски 23:14, 30 јануари 2010 (UTC)
Технички гледано овој предлог е готов да се постави на главната, само да видиме како дефинитивно ќе се ставаат вестите од која страна ќе се префрлаат на главната. --Никола Стоіаноски 00:06, 31 јануари 2010 (UTC)
Нели има премногу вести на главната страница? Веќе кога се мисли на вести, тоа нека биде секција како што е секцијта Дали сте знаеле дека.... Подобро е кога оваа секција би била скратена со само 5-6 факти, а со исто толку би ја одржувале и секцијата вести. Исто така, поделбата во различни области не е добра, бидејќи со тоа се нагласува значењето на секцијата на главната страница, а Википедија пред сè е енциклопедија, а не скаладиште на вести. Друга важна работа е вестите да бидат во склад со енциклопедиската содржина. Под ова мислам дека содржината на вестите треба да биде доволно значајна, а секоја вест да содржи врска со задебелени букви кон клучната статија за која се однесува веста. Вести како односите меѓу политичките партии во Македонија, односите меѓу МПЦ и СПЦ и слично се непотребни работи и може многу негативно да влијаат на целата енциклопедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:09, 31 јануари 2010 (UTC)
Се сложувам со Кирил. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:22, 31 јануари 2010 (UTC)

Здраво. Јас сум среќен што започна дискусијата за Викивести на македонски јазик. Ако сте заинтересирани, редакцијата на sr.wikinews ќе ги сподели своите искуства со вас на IRC (http://webchat.freenode.net/ Channels:#wikinews-sr) состанок во вторник во 23 часот, Белградско време (исто со Скопско :)).--MikyM (разговор) 00:12, 2 февруари 2010 (UTC)

Одлично. --brest (разговор) 00:19, 2 февруари 2010 (UTC)